Top Sport

Скандал во Динамо: Хулиган од Атина прошверцувалe во авионот

Убиецот на 29. годишниот навивач на АЕК Михалис Кацурис се уште не е пронајден.

Хрватскиот магазин „Национал“, тврди дека Динамо долго време крие едно нешто во врска со овој шокантен случај од август во Атина.

Имено, новинарите на магазинот од извор близок до челниците на Динамо дознале дека клубот е на „игли“ повеќе од еден месец од страв да не протече информација во јавноста за тоа дека на враќањето од Атина, во авионот на Динамо имало „слеп патник“.

Според „Национал“, во делегацијата на Динамо која отпатувала во Атина имало 64 члена, од Атина во Загреб се вратиле 65.

Наводно „слепиот патник“ бил еден од членовите на „Бед Блу Бојс“, а делегацијата му дала облека на Динамо, а потоа го качила во чартерот и го вратила во Загреб.

Станува збор за Дино Кордиќ, син на Жељко Кордиќ, инаку функционер и заменик во Собранието на Динамо.

Во Атина, Кордиќ и се јавил на првата дама на Динамо Влатка Перас, а таа испратила двајца мажи да го земат, што тој и го потврдил на полицијата, пишува хрватски магазин.

Пред да го земат, Кордиќ по масовна тепачка се сокрил во грмушките, а таа сцена како што пишува магазинот, делувала како да е од филм.

Да потсетиме, Кацурис беше убиен во масовна тепачка меѓу навивачи пред натпреварот меѓу АЕК и Динамо Загреб во квалификациите за Лигата на шампионите.

Scroll to Top