Top Sport

Липи повторно ќе ја предводи Кина

Марчело Липи повторно ќе биде селектор на фудбалската репрезентација на Кина. Италијанецот од функцијата се повлече во јануари оваа година, по поразот во четврт-финалето во Купот на Азија.

Убедливиот пораз од Иран во четврт-финалето (3:0) го натера Липи да си поднесе оставка, а на неговото место застана Фабио Канаваро, кој на само два натпревари ги предводеше Кинезите.

Наредниот месец Липи повторно ќе се врати на селекторската функција.

Марчело Липи (71) во 2006 година како селектор на Италија ја освои светската титула.

Scroll to Top