Top Sport

Донизете: Го продадов медалот од Светското клупско првенство за кокаин

Поранешниот дефанзивец на Сао Пауло, Флавио Донизете откри декаго продал својот златен медал од Светското клупско првнество во 2005, кога ги победија Ливерпул, за да купи кокаин, кој му потрајал само два дена.

Централниот бек Донизете беше дел од тимот на Сао Пауло кој во 2005 ја освои титулата од Копа Либертадорес и Светското клупско првенство, иако не беше дел од тимот кој го победи Ливерпул.

„Го продадов за дрога. За 7.000 реаји (околу 3.500 долари). Кога го продадов речиси сите пари ги потрошив на кокаин. Го потрошив за два дена. Колку повеќе пари имав толку повеќе сакав дрога. Загубив сè, кокаинот стана најважен во мојот живот. Наутро, попладне и навечер, морав да имам кокаин. Сите пари на сметките, сите мои работи, почнав да ги губам. Само мојата сопруга, ќерката и семејството, кои се уште со мене“, открива Донизете.

По таа сезона, Донизете беше пратен на позајмица во повеќе послаби клубови од Сао Пауло, како Португеза, Америка и Насионал, пред во 2009 да биде отпуштен.

Сега како 36-годишен, Донизете се ослободил од зависноста и работи како градинар во градчето Американа во државата Сао Пауло.

Scroll to Top