Top Sport

Мечот Ливерпул-Атлетико е „одговорен“ за 41 починат од корона вирусот

Анализата на податоците на Британската здравствена служба (НХС) открива дека мечот од осминафиналето од Лигата на шампионите на Ливерпул против Атлетико Мадрид на „Енфилд“ бил директно одговорен за 41 фатален случај од корона вирусот.

И покрај тоа што тогаш болеста беше во почетна фаза, Ливерпул ги пречека Атлетико на 11 март пред 52.000 фанови, од кои 3.000 пристигнаа од Шпанија. Тоа беше последниот меч во Англија пред мерките за карантин и прекинувањето на Премиер лигата.

Според „Сандеј тајмс“, анализата на податоците покажува дека мечот бил одговорен за 41 дополнителен смртен случај во следните 25-35 дена, бидејќи проценката вели дека во Шпанија во тој момент имало 640.000 позитивни случаи, а во Британија само 100.000 случаи.

Минатиот месец, градоначалникот на Мадрид, Хозе Луис Мартинез-Алмеида призна дека било грешка што тој меч бил дозволен.

„Немаше смисла 3.000 фанови да патуваат во Англија тогаш. Тоа беше грешка и требаше да бидеме многу повнимателни“, изјави Мартинез-Алмеида.

Отворена истрага, мечот Ливерпул-Атлетико влијаел на ширењето на коронавурсот

„Навивачите на Атлетико не смееше да патуваат во Ливерпул на мечот од ЛШ“

Scroll to Top