Top Sport

Дориан Бабунски: Важни играчи отсуствуваат, но подготвени сме да го дадеме максимумот

Фудбалската репрезентација на Македонија го одржа првиот тренинг на комплексот на ФФМ во пресрет на последните два натпревари од Лигата на нации. Без капитенот Стефан Ристовски, но без Дарко Чурлинов и Валон Етеми, фудбалерите ќе се обидат да стигнат до позитивни резултати против Грузија и против Бугарија.

Напаѓачот на Дебрецен, Дориан Бабунски, вели дека неколкумина важни играчи отуствуваат од овој собир, но сите останати се подготвени да го дадат максимумот.

„Ни недостигаат важни играчи, но сите што се тука верувам дека ќе покажат зошто се избрани. Има фудбалери кои играат во добар ритам и верувам дека можеме да оствариме добри резултати на претстојните два натпревари. Клучно ќе биде да го задржиме ритамот во текот на сите 90 минути. Игравме добро против Грузија и во одреден дел од мечот во Скопје, но потоа имавме пад во играта што противникот го искористи. Сега мораме да држиме исто ниво во текот на целиот меч“, изјави Дориан Бабунски.

Scroll to Top