Top Sport

Доријан Бабунски пред трансфер во Грасхоперс

Доријан Бабунски, напаѓачот на Дебрецен и македонската репрезентација, во финишот на преодниот рк ќе ја напушти Унгарија. „Немзети спорт“, тврди дека тој кариерата ќе ја продолжи во најпопуларниот швајцарски клуб, Гарсхоперс.

Според овој извор, Дебрецен добил одлична понуда за Доријан Бабунски. Информацијата дека македонскиот репрезентативец преговара со Гарсхоперс ја потврди и тренерот на Дебрецен, Срѓан Благојевиќ.

Бабунски вчера не беше во составот на Дебрецен во поразот од МТК (1:3).

Доријан Бабубнски, минатата сезона со 13 гола беше најдобар стрелец во тимот и беше прогласен за играч на сезоната во Дебрецен.

Бабунски во Дебрецен дојде во јануари 2022 година од Ботев Враца и на 55 меча постигна 18 гола и имаше седум асистенции.

Scroll to Top