Дерби мечот што го одиграа двете Борусии во рамките на осмото коло во Бундес лигата им припадна на „милионерите“ од Дортмунд. Со оваа победа Дортмунд дојде на бод до лидерите Борусија Менхенгладбах и Волфсбург.
Дуелот на „Вестфален“ подобро го отворија гостите од Менхенгладбах но по обидите на Лаинер и Емболо резултатот остана непроменет. Дортмунд се заканија преку Хумелс, а во 33 минута ВАР го поништи голот на Азар.
Клучниот момент се случи во 58 минута кога одличен контранапад одиграа домашните фудбалери, а егзекутор беше Марко Ројс.
Потоа се обидоа Крамер и Плеа но резултатот остана 1:0, а домаќините постигнаа уште еден гол преку Бранд, но и него го поништи ВАР.