Top Sport

Дортмунд го „краде“ Џовани Симеоне од Наполи

Борусија Дортмунд се блиску до договор со Верона за трансферот на Џовани Симеоне, иако се веруваше дека Аргентинецот е сигурно засилување за Наполи во летниот преоден рок.

Напаѓачот, кој е син на тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, требаше да биде замена за Андреа Петања, кој заминува во Монца, но според „Марка“, делегацијата на Борусија пристигнала во Италија со конкретна понуда за Симеоне, кој би го заменил новото засилување Себастиен Але, кој мора да оди на хемотерапија по туморот во тестисите.

Scroll to Top