Top Sport

Дортмунд го победи Хофенхајм, Леверкузен го декласира Аугсбург

Убедливата победа на баер Леверкузен над Аугсбург, гостинскиот триумф на Борусија Дортмунд и втората победа во сезоната за „фенерџијата“, Гројтер Фирт ја обележаа саботната програма во Бундеслигата.

Леверкузен ја држат третта позиција на табелата. „Фармацевтите“ го декласираа Аугсбург со 5:1. Хет-трик на овој меч постигна Дијаби.

Од место во лигата на шампионите не се откажува Унион Берлин. Тимот од престолнината ја продлабочи кризата на Борусија Менхенгладбах. Унион победи 2:1 со двата гола на Крузе.

Дортмунд со 3.2 славеа кај Хофенајм. Халанд, Ројс и Раум (авто-гол), погодија за „Милионерите“. Головите за Хофенхајм ги постигнаа Крамариќ и Рутер.

Резултати: Гројтер Фирт-Мајнц 2.1, Фрајбург-Штутгарт 2:0, Хофенхајм-Дортмунд 2:3, Менхенгладбах-Унион Берлин 1:2, Баер Леверкузен-Аугсбург 5:1.

Scroll to Top