Јулијан Вајгл е нов фудбалер на Бенфика, откако Борусија Дортмунд се согласи на трансфер од 20 милиони евра за фудбалерот од средниот ред.
24-годишниот Вајгл помина четири и пол години со бундеслигашот и беше редовен првотимец во тимот на Лусиен Фавр оваа сезона со 20 настапи во сите натпреварувања. Германецот беше поврзуван со трансфер во Пари Сен-Жермен кај својот поранешен тренер Томас Тухел, но и со Интер, пред Бенфика да дојде со добра понуда.
„Би сакал да им се заблагодарам на соиграчите, на сите во Дортмунд и на фановите на овој голем клуб. Секогаш ќе ја имам Борусија Дортмунд во срцето“, изјави Вајгл, кој си заминува со 171 настапи за Борусија и ДФБ куп.
Borussia Dortmund and @SLBenfica have agreed to terms on the transfer of Julian Weigl.
We thank Julian for his dedication and wish him the best of luck in Portugal! pic.twitter.com/TS7E0WGUSR
— Borussia Dortmund (@BlackYellow) December 31, 2019