Top Sport

Дортмунд го убедуваат Санчо да остане во Бундеслигата

Борусија Дортмунд е подготвена да го направи Џејдон Санчо вториот најплатен фудбалер во клубот во обид да го убедат да остане во клубот ова лето, и платата од 10 милиони евра годишно можеби ќе биде доволна за тоа.

20-годишниот Англичанец е на „пик“ на повеќе премиерлигаши, предводени од Манчестер јунајтед и Челси, откако имаше уште една одлична сезона со 14 гола и 16 асистенции во 23 бундеслигашки мечеви пред паузата поради корона вирусот.

Според магазинот „Форбс“, поради корона вирусот нема да може да има големи трансфери ова лето, а Дортмунд сакаат да го искористат тоа и да му понудат едногодишно продолжување на договорот, кој инаку му истекува во текот на летото 2022 година. Дортмунд остануваат да го ценат Санчо на 140 милиони евра и директорот на клубот Ханс-Јоаким Вацке е сигурен дека може да се дојде до договор.

„Не мораме да продадеме никого под вредноста. Според мене, Санчо не сака да замине и знае дека со нас има добра иднина. Не се работи за парите, ги имаме доволно, сакаме да освојуваме титули и нашиот тим има поголеми амбиции со Џејдон во тимот“, вели Вацке.

Scroll to Top