Top Sport

Виери со супер-приказна за Тарибо Вест, Бог и Марчело Липи!

Кристијан „Бобо“ Виери за време на карантинот поради корона вирусот е постојано активен на Инстаграм со приказни за своите поранешни соиграчи, а последната е навистина фанатастична анегдота со Тарибо Вест, Марчело Липи и гласот на Бог.

Во разговор со Марко Матераци, Виери кажа еден од бизарните моменти на Нигериецот Вест, кој инаку, сега е христијански свештеник во неговата татковина.

„Беше сабота наутро и сите стоевме додека Липи ни го кажуваше составот за да можеем да продолжиме со тренинзите. Тарибо Вест стана и со неговиот длабок глас кажа: ’Мистер! Мене Бог ми кажа дека морам да играм’. Сите се смеевме, пред Липи смирено да го каже својот одговор: ’Тоа е чудно, мене не ми спомена ништо’. За малку ќе се измочав од смеење“, објаснува Виери.

Scroll to Top