Иако е неизвесно кога Бундеслигата ќе се врати на терените, Борусија Дортмунд утре се враќаат на тренинзи, но само во групи по двајца фудбалери поради правилата воспоставени поради корона вирусот.
„Милионерите“ тврдат дека мора да се оддржува физичката подготвеност на фудбалерите, секако, со преземање на сите мерки за заштита на нивното здравје. Новото засилување на тимот, Емре Џан вели дека е презадоволен што ќе се врати на работа.
„Многу е важно да се вратиме на терените, бидејќи таму не е здодевно“, изјави Џан, кој утре ќе тренира во партнерство со Махмуд Дахуд.
Во германскиот шампионат останаа да се доиграат уште девет натпревари, а Дортмунд се на четири поени од лидерот Баерн Минхен.
„Да, почне сезоната па ќе видиме. Имаме директни дуели со Баерн и Лајпциг и титулата е можна“, додава Џан.