Феликс Нмеча го комплетираше трансферот од Волфсбург во Борусија Дортмунд за 30 милиони евра, и неговиот нов клуб во договорот му вметнал необична „Инстаграм клаузула“ за неговите активности на социјалните мрежи.
22-годишниот фудбалер од средниот ред додека беше фудбалер на Волфсбург имаше пораки кои беа протолкувани како хомофобични, иако инсистираше дека тие се „извадени од контекст“, а Дортмунд му дадоа договор и покрај протестот на навивачите. Според германсите медиуми, клубот, сепак, во договорот вметнал клаузула за казна од милион евра доколку тој постира нешто на Инстаграм што ги „нарушува вредностите на клубот“.
Нмеча инсистира дека само ги следи христијанските норми и дека „ги сака сите луѓе“, барајќи навивачите на „милионерите“ да му дадат шанса.