Top Sport

Дортмунд предупредува: Санчо нема да биде на попуст

Директорот на Борусија Дортмунд, Ханс-Јоаким Вацке вели дека клубовите кои се заинтересирани за Џејдон Санчо ќе мораат да платат целосна сума за Англичанецот ова лето и покрај предвидувањата дека поради намалените приходи поради корона вирусот, летниот преоден рок ќе биде „сушен“.

20-годишнио Санчо по трансферот од Манчестер сити во БВБ во 2017 прерасна во еден од најталентираните млади фудбалери и за неговите услуги се заинтересирани Манчестер јунајтед, Челси, Ливерпул, но и шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона. Се верува дека Борусија ќе бара најмалку 120 милиони евра за него и Вацке вели дека нема да има „попусти“.

„И пред корона вирусот кажавме дека за нас е подобро Џејдон да остане. Но, на крајот мора да се почитува и тоа што тој го сака. Но, ниту еден богат клуб не смее да помисли во оваа криза да ни украде фудбалери. Нема продажба под цена. Јас сум одговорен за повеќе од 150.000 членови на клубот, за нашите акционери, но првично за 850-те вработени во БВБ и за нивните семејства“, вели Вацке.

Scroll to Top