Top Sport

Флик: Сега не е важен мојот договор

Тренерот на Баерн Минхен, Ханзи Флик вели дека не е заинтересиран да зборува за неговата иднина во клубот бидејќи во моменти на пандемија на корона вируси има поважни работи.

55-годишниот Флик го презеде Баерн во ноември, само четири месеци откако му се приклучи на клубот како помошник на Нико Ковач. Под него клубот победи во 18 од 21 меч и немаше пораз во сите натпреварувања во 2020, и тој има договор до летото 2021 година. Флик вели дека не е време за преговори.

„Искрено, има поважни работи од мојата иднина во моментов. Сега чекам да продолжи сезоната и мислам дека тоа ќе се оствари. Можеби не пред мај, и можеби пред празни трибини, но фудбалот ќе се врати“, вели Флик.

Scroll to Top