Челниците на Борусија Дортмунд го завршиле првиот трансфер за летниот преоден рок. Поранешниот фудбалер Жером Ротен кој работи како новинар во радио Монте Карло, тврди дека од наредната сезона за Дортмунд ќе игра Томас Муние.
Според овој извор Муние ги договорил сите детали и веќе го потпишал договорот со новиот клуб.
Репрезентативецот на Белгија е член на Пари Сен Жермен од 2016 година. Претходно го носел дресот на Клуб Бриж.
Во изминатите четири сезони Муние има одиграно 121 натпревар за „светците“ на кои постигнал 13 голови.
Борусија го доби Муние во слободен трансфер. Тој во тимот треба да го замени Ашраф Хакими кој ќе се врати во Реал Мадрид.