Top Sport

НБА лигата нема да продолжи?

НБА лигата е прекината на период од еден месец поради коронавирусот. Прашањето е дали воопшто лигата ќе продолжи или челниците ќе ја прекинат сезоната.

Како што објави новинарот на ЕСПН, Адријан Вијнаровски, челнииците на лигата и сите франшизи се подготвуваа лигата да продолжи на почетокот на јуни, без публика. Според Војнаровски ова сценарио е најдоброто што може да се случи.

Според него сезоната може и да не заврши, односно да биде прекината.

Од вчера во САД е забранет било каков собир со повеќе од 50 луѓе во наредните осум недели.

Scroll to Top