Борусија Дортмунд со 3:2 го совлада тимот на Баер Леверкузен во меч од 23. коло на Бундеслигата, прекинувајќи ја низата во која имаа три ремија во низа во Германија и беа декласирани од Тотенхем во Лигата на шампионите.
Дан-Аксел Загаду им донесе водство на „милионерите“ на „Сигнал Идуна парк“ по половина час игра, но „фармацевтите“ се вратија преку вечниот Кевин Воланд само седум минути подоцна. Реакцијата на домаќините беше одлична, бидејќи Џејдон Санчо повторно ја врати предноста само минута подоцна. Марио Геце во второто полувреме им донесе 3:1 водство на БВБ, пред Џонатан Тах во 75. минута да намали на 3:2.
Борусија на врвот на табелата има 54 поени, три повеќе од Баерн, додека Баер се седми со 36 поени.
Фото: ЕПА