Top Sport

Дортмунд со пенал во 120. минута до победа над Унион Берлин во ДФБ купот (видео)

Борусија Дортмунд, клубот кој е на лидерското место во германската Бундеслига, се намачи во 1/16 финалето на ДФБ купот, откако им беа потребни продолженија и гол од пенал во 120. минута за да ги победат со 3:2 второлигашите Унион Берлин.

20-годишниот Американец Кристијан Пулишиќ ги донесе „милионерите“ до водство  во 40. минута, но клубот од престолнината израмни на 1:1 во 63. минута. Пулишиќ му асистираше на Максимилијан Филип за вториот гол, но упорните гости израмнија. Кога се веруваше дека ќе се шутираат пенали, беше досуден пенал над Пулишиќ, а Марко Ројс беше сигурен од белата точка.

И Шалке за малку ќе беа исфрлени од второлигаш, откако против Келн мораа да играат на пенали (5:6) за пласман во осминафиналето.

ДФБ КУП, 1/16 ФИНАЛЕ

Борусија Дортмунд – Унион Берлин 3:2 по продолженија

Келн – Шалке 1:1, 5:6 на пенали

Ханза Рошток – Нирнберг 2:2, 2:4 на пенали

Вајхе – Вердер Бремен 1:5

Фото: ЕПА

Scroll to Top