Top Sport

Дортмунд упорни: Ништо од трансферот на Санчо во Јунајтед

Иако призна дека во минатото имало разговори на двата клуба, спортскиот директор на Борусија Дортмунд, Михаел Цорк, повтори дека нема шанси Џејдон Санчо да замине во Манчестер јунајтед овој преоден рок.

Јунајтед го сакаат младиот Англичанец подолго време и се надеваат дека ќе го комплетираат договорот пред крајот на преодниот рок во понеделник, но Цорк вели дека тоа нема да се случи.

„Зборувавме со Манчестер јунајтед во минатото. Но, сѐ што требаше да биде кажано на таа тема, беше кажано и досега и тоа нема да се промени во следните три дена“, вели Цорк.

Дортмунд поставија цена од високи 120 милиони евра за Санчо, со првичен краен рок на 10 август, но Јунајтед не се подготвени да ја дадат таа сума во ера на несигурност поради корона вирусот.

И покрај ова, шпекулациите во Англија велеа дека „ѓаволите“ се подготвени да чекаат на 20-годишниот Санчо, кој пак го уверил клубот дека е подготвен да чека уште една сезона за трансфер.

Scroll to Top