Top Sport

Дортмунд веќе се договориле со Муние?

Белгискиот дефанзивец на Пари Сен-Жермен, Томас Муние веќе се договорил со Борусија Дортмунд за трансфер ова лето, јавува „ЕСПН“.

Договорот на 28-годишниот Муние завршува во јуни и тој ќе потпише четиригодишен договор со „милионерите“ вреден околу 50 милиони евра, иако тој сакаше да остане во Париз, но не успеа да се договори за платата која би ја добил.

Муние, кој пристигна во Париз од Бриж во 2016 година, ќе ја пополни дупката во одбраната на Дортмунд, откако Ашраф Хакими ќе се врати во Реал Мадрид по крајот на двегодишната позајмица.

Scroll to Top