Top Sport

Трипиер би се вратил во Англија, но само во еден клуб

Киеран Трипиер открива дека би сакал фудбалската кариера да ја заврши во Барнли и би се вратил во Премиер лигата само да игра под Шон Дајч на „Турф мур“.

29-годишниот Трипиер импресионира за Атлетико Мадрид оваа сезона, откако минатото лето пристигна од Тотенхем, каде што помина четири години. Меѓутоа, тој уште се сеќава на одличните години во Барнли и фудбалерот роден блиску во Бјури признава дека разговарал со тренерот Шон Дајч двапати неделно по заминувањето од клубот во 2015.

„Имаме фантастичен однос со Дајч. Секогаш сме во контакт, за фудбалот, за семејствата, и тој секогаш вели дека еден ќе ме врати. Сигурен сум дека ќе се случи во иднина и дека повторно ќе играм за Барнли. Во Атлетико сум уште две години, по што ќе имам 32 години и Барнли е единствениот клуб во Англија за кој би се вратил. Потоа би сакал да работам како тренер, но одам каде и да оди Шон Дајч“, вели Трипиер.

Scroll to Top