Top Sport

Досега 20 репрезентации изборија пласман на СП

Низ целиот свет, во тек се квалификациите за Светското првенство, кое ќе се одржи следното лето во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико. За потсетување, тоа ќе биде првото Светско првенство на кое ќе учествуваат дури 48 репрезентации, што е за 16 повеќе од сите првенства од 1998 година до денес.

Кога станува збор за распределбата на местата на Светското првенство по континенти, ситуацијата е таква што Европа ќе има 16 репрезентации, Африка девет, Азија осум, Јужна Африка шест, Океанија една и Северна Америка шест, вклучувајќи ги и трите селекции организатори.

Останатите две места ќе им бидат доделени на победниците на новиот интерконфедерациски турнир.

Досега, 20 репрезентации изборија пласман на Светското првенство.

Африка: Алжир, Египет, Мароко, Тунис

Европа: сè уште никој

Азија: Австралија, Иран, Јордан (дебитант), Јапонија, Јужна Кореја, Узбекистан (дебитант)

Јужна Америка: Бразил, Аргентина, Колумбија, Еквадор, Парагвај, Уругвај

Океанија: Нов Зеланд

Северна Америка: Домаќини, САД, Канада и Мексико

Интерконфедерацискиот куп е турнир што ќе се одржи во Северна или Централна Америка во март 2026 година (домаќинот ќе биде одреден подоцна). Всушност, станува збор за два мини-турнира на кои ќе учествуваат вкупно шест екипи, по три во секој.

На турнирот ќе учествуваат по еден претставник од секоја континентална асоцијација, освен УЕФА, додека КОНКАКАФ (Северноамериканската конфедерација) ќе добие два тима на тој турнир.

Три екипи ќе го играат турнирот на таков начин што оној што е најдобро пласиран на листата на ФИФА ќе чека во финалето. Останатите два тима ќе играат во полуфиналето.

Победниците на мини-турнирот (вкупно две репрезентации) на овој начин ќе стигнат до Светското првенство.

Засега е познат само еден учесник – Нова Каледонија, која беше втора во квалификациите во Океанија. Јужноамериканскиот претставник на тој турнир ќе биде седмопласираната екипа во квалификациите. Другите континенти ќе организираат плејоф во кој репрезентациите ќе се борат за место на завршниот турнир каде што ќе бидат поделени последните визи за Светското првенство.

Scroll to Top