Top Sport

Досега невидено: Како ќе се точи пиво на новиот стадион на Тотенхем (Видео)

Навивачите на Тотенхем одбројуваат до отворањето на новиот „Вајт Харт Лејн“, ултра-модерниот стадион, чие пуштање во употреба неколку пати е одложувано. Најверојатно стадионот ќе биде отворен на 10.јануари, кога Тотенхем ќе игра против Манчестер Јунајтед.

Изминатите денови, навивачите кои имаат годишни билети, имале можност да го посетат стадионот. Меѓутоа, ниту теренот, ниту удобноста што го нудат трибините не предизвикале интерес кај нив, како што тоа го направиле кафулињата кои ги има на секој агол.

Начинот на кој се точи пивото на новиот „Вајт Харт Лејн“ предизвикал неверојатен интерес. Пивото се точи од долната страна, а како тоа изгледа можете да погледнете во видеото.

Scroll to Top