Top Sport

Погледот на Погба е како илјада зборови (Фото)

Жозе Мурињо го напушти „Олд Трафорд“, откако претпладнево клубот објави дека Португалецот добил отказ. Набргу по објавувањето на веста, на Твитер се појави и една многу интересна фотографија на Пол Погба.

Францускиот репрезентативец, во 2016 година, заедно со Мурињо, пристигна во Манчестер Јунајед. За да го вратат на во Манчестер, клупските челници на Јувентус им платија 105 милиони евра, што тогаш претставуваше рекорд на трансфер пазарот.

Во меѓувреме Мурињо речиси и да ја загуби комуникацијата со Погба, а дека двајцата се во лоши односи, потврди и оваа сезона. На последните три натпревари Погба вкупно на теренот мина 15 минути.

Поради тоа медиумите го поставуваа прашањето кој прв ќе го напушти клубот. Погледот на Погба доволно зборува.

Интересно , набргу Погба го избришал твитот.

Scroll to Top