Ашраф Хакими (24) летово би можел да го напушти ПСЖ. Како што пишува француски „Лекип“, ПСЖ е подготвен да го продаде мароканскиот дефанзивец бидејќи тренерот Кристоф Галтие и спортскиот директор Луис Кампос се незадоволни од формата во која игра последните неколку месеци.
За Хакими ова е втора сезона во ПСЖ, но не успеа да го достигне нивото на кое беше во Интер. Прво се адаптираше на фудбалот во Лига 1, а потоа имаше проблеми бидејќи не му се допадна системот наметнат од поранешниот тренер Маурисио Покетино.
Оваа сезона ја почна добро, ја крена самодовербата со настапот на СП каде го освои четвртото место со Мароко.
Но по СП, се соочил со обвинение за силување, сопругата веднаш го остави и тој се разведе. Сето тоа го изфрли од ритам, поради што никако не може да се врати во форма.
Поради сето ова ПСЖ е подготвен да го продаде Хакими, тоа ќе се случи доколку во клубот дојде задоволителна понуда.