Top Sport

Драконска казна за Александар Митровиќ од ФА на Англија

Српскиот интернационалец и напаѓач на Фулам, Александар Митровиќ, доби огромна казна откако физички го нападна судијата на натпреварот од ФА Купот против Манчестер Јунајтед. Тој доби суспензија од осум натпревари.

Ова е една од најстрогите казни во фудбалот, а многумина ја споредуваат со казната што ја доби Суарез кога расно го навредуваше Патрис Евра, или кога Џон Тери му го направи истото на Рио Фердинанд.

Казнет е и менаџерот на Фулам, Марко Силва, кој ќе мора да пропушти два меча.

До крајот на сезоната во Премиерлигата, Фулам треба да одигра уште десет натпревари.

Scroll to Top