Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Диего Коста, доби драконска казна поради исклучувањето на саботниот натпревар против Барселона на „Ноу Камп“ (2:0).
Бразилецот со шпански пасош со вулгарни зборови му се обратил на судијата Хесус Хил Мансано, поради што доби црвен картон во 28 минута.
„Да ѝ се по….м на твојата е…..а мајка“, му рекол Диего Коста на судијата Мансано.
Дисциплинската комисија при Фудбалскиот сојуз на Шпанија, во четвртокот, објави дека Диего Коста ја добил максималната суспензија, односно нема да игра на наредните осум натпревари за Атлетико.
Поради казната оваа сезона за Диего Коста е завршена, а нема да игра ниту во првото коло од наредната сезона, доколку остане во тимот.
Многу поверојатно е дека натпреварот на „Ноу Камп“ за него беше последниот меч во дресот на Атлетико против Барселона. Најавите од клубот се дека тој ќе биде продаден во Кина во летнит преоден рок.