Top Sport

Кличко би се вратил за 90 милиони евра

Поранешниот светски првак во тешка категорија, украинскиот боксер, Владимир Кличко, ја одредил сумата, која би го натерала да се врати во рингот.

Украинецот замина в пензија во 2017 година по поразот од Ентони Џошуа, но се шпекулира дека размислува да се врати иако има 43 години. Неговиот брат Виталиј открил што треба да се случи за Владимир повторно да влезе во рингот.

„Кога слушнав дека му биле понудени 35 милиони евра за да се врати, му се јавива и го прашав з ашто станува збор. тој ми рече дека таа понуда не го интересира. Потоа му стигна понуда од 71 милиони евра, а тој повторно рече дека не е задоволен. За сума од 90 милиони евра повторно ќе боксува“, рекол Виталиј Кличко.

Откако во 1996 година во Атланта го освои златниот олимписки медал, Кличко стана професионалец. Во профи-боксот за две децении забележал 64 победи во 69 борби.

Scroll to Top