Top Sport

Дракслер: Без парфем не можам да стартувам меч

Ритуалите и суеверието секогаш биле присутни во светот на фудбалот, што покажува и примерот на германскиот репрезентативец Јулијан Дракслер, кој открива дека пред секое излегување на терен мора да стави парфем.

Ѕвездата на Пари Сен-Жермен патува во Русија со германскиот „маншафт“, но покрај фудбалските квалитети, тој исто така е и славно лице поради големиот број на реклами на „Хуго Бос“.

„Понекогаш моите соиграчи мислат дека не сум добар во главата. Секој има свој ритуал пред мечот, а за мене тоа обично е парфемот. Во торбата во соблекувалната секогаш имам парфем и морам два-три пати да се прснам пред да излезам на теренот. Тоа ми дава среќно чувство“, открива Дракслер.

По трансферот од Волфсбург во Париз, тој ужива во француската престолнина и светот на модата, објаснувајќи дека веќе има околу 70 пара чевли!

Фото: ЕПА

Scroll to Top