Top Sport

Лигата на шампионите следната година без ЖРК Вардар

По пет сезони, ЖРК Вардар следната година нема да биде дел од ракометната Лига на шампиони, откако клубот реши да не аплицира за настап до Европската ракометна федерација (ЕХФ)

Вардар  пет години игра во Лигата на шампионите, а последните две сезони губи во финалето на натпреварувањето од унгарскиот Ѓер, меѓутоа главниот спонзор Сергеј Самсоненко реши да го намали буџетот на клубот, по што следуваше заминување на речиси сите странски ракометарки.

Машкиот тим на Вардар ќе биде во Лигата на шампионите директно, додека вице-шампионот Металург веќе најави дека ќе побара вајлд-карта. Ждрепката за новата сезона ќе се одржи на 29 јуни.

Останува нејасно дали ЖРК Вардар ќе се пријави за настап во пониските натпреварувања на ЕХФ како Челинџ купот и ЕХФ купот, за што краен рок за пријавување е 22 јуни.

Фото: ЕПА

Scroll to Top