Top Sport

Дракслер: Да не се лажеме, заминав во Катар поради парите

Германскиот фудбалер Јулијан Дракслер минатата недела се пресели во Катар. Поранешниот играч на ПСЖ кариерата ја продолжи во Ал Ахли.

„После 12 години во Европа, сакам да запознаам нова култура, да стекнам ново искуство и да учествувам во интересен проект за подигање на арапскиот фудбал. Сепак, би излажал доколку не признам дека парите се главната причина што го се преселив во Катар“, рече Дракслер.

Дракслер во кариерата играше за Шалке, Волфсбург, ПСЖ и Бенфика, а смета дека квалитетот на фудбалот на Арапскиот полуостров не е толку лош.

„Постојат одредени заблуди. Верувајте дека има тимови кои можат да им парираат на европските тимови“, вели Дракслер.

Foto/ EPA

Scroll to Top