Top Sport

Дракслер прави трансфер во Катар

Уште еден фудбалер оди на Блискиот Исток. Џулијан Дракслер со своите игри во минатото најави одлична кариера, но, сепак, нема да остане во Европа.

Германскиот фудбалер претходната сезона ја мина во Бенфика каде имаше проблеми со повреди, но од него секако се очекуваше многу повеќе.

На 29 години донесе одлука за нов трансфер, заминува во Катар каде ќе игра за Ал-Ахли од Доха.

ПСЖ од овој трансфер ќе заработи околу 20 милиони евра.

Наскоро трансферот треба да биде официјалиузиран, Дракслер утре ќе ги мине медицинските прегледи.

Scroll to Top