Top Sport

Драма: Елче во 97 минута се вратија во Ла Лига

Фудбалерите на Елче по пет години пауза се вратија во елитното друштво на шпанскиот фудбал. Елче излегоа како победници од финалниот бараж против Џирона. Патникот во Ла Лига го реши еден гол кој беше постигнат во двата меча.

Елче првиот натпревар против Џирона, на домашен терен го одигра 0:0, а во реваншот на стадионот на противникот победи со 1:0.

Решавачкиот момент на натпреварот се случи во 97 минута, а апсолутен херој на Елче е Пер Мила.

Џирона од 61 минута играше со фудбалер помалку бидејќи капитенот Кристијан Стуани доби црвен картон.

Покрај Елче од наредната сезона во Ла Лига ќе играат Уеска и Кадиз, додека во Сегунда се преселија Леганес, Мајорка и Еспањол.

Scroll to Top