Вакво аргентинско „Суперкласико“ до сега не е забележано – без навивачи на трибините и без Диего Марадона во почесната ложа на „Бонбониера“.
Сепак, спектакл повторно е виден, Бока и Ривер одиграа возбудливи 2-2.
Повторно меч „на нож“, а воедно тоа беше меч кој го означи почетокот на „Купот Диего Марадона“.
Ова необично натпреварување служи за да се надомести пропуштеното во сезоната поради пандемијата на коронавирусот, а се игра во стилот на Лигата на шампиони на УЕФА.
24 аргентински клубови се поделени во 6 групи по 4 тима, по што следува нокаут фаза. Освојувачот на овој куп обезбедува влез во Копа Либертадорес.
Што се однесува до самиот меч, Бока поведе во 10 минута ос голот на Рамон Абиле, следуваше израмнување преку Федерико Гироти. Само 3 минути подоцна Рафаел Боре носи пресврт 1-2.
Но во 86 минута домашниот играч Себастијан Виља ги постави конечните 2-2.
Без видени и 2 црвени картони, по еден на двете страни, а виновници беа Кампуцано и Енцо Перез.