Top Sport

Драма на „Вембли“, Чарлтон славеа над Сандерленд (Видео)

Фудбалерите на Чарлтон го добија бараж мечот со Сандерленд и изборија пласман во Чемпионшип дивизијата (Втора лига).

На стадионот „Венмбили“ во Лондон, Чарлтон во драматичен финиш стигнаа до победа 2.1 против Сандерленд. Чарлтон од клупата го предводи поранешниот фудбалер на Лидс Јунајтед, Ли Боер.

Дуелот започна лошо за екипата на Боер, откако Сар си постигна неверојатен авто-гол во петтата минута. Израмнувањето на „Вембили“ се случи во 35 минута, кога гол постигна Порингтон.

Пласман во Чемпионшип на Чарлотн му донесе Буер со голот што го постигна во последните секунди од натпреварот.

Scroll to Top