Top Sport

Торино со победа ставија точка на сезоната (Видео)

Фудбалерите на Торино со победа над Лацио (3:1) ја завршија сезоната 2018/2019. „Биковите“ финишираа на седмата позиција во Серија А со 63 бода, но не успеја да изборат настап во Лига Европа. Лацио се на осмото место, а бидејќи го освоија Купот ќе играат во фазата по групи во Лига Европа.

Натпреварот во Тороно беше решен во второто полувреме, откако по првиот дел резултатот беше 0:0.

Јаго Фалке и Лукиќ постигнаа два гола за Торино, Лацио се вратија во мечот со голот на Имобиле, а конечниот резултат го постави Де Силвестри во 80 минута.

Scroll to Top