Top Sport

Драма во Бордо, „Жирондинците“ со победа над Монако (видео)

Бордо и без постојан тренер (во исчекување на Тјери Анри), успеа да стигне до импресивна 2:1 победа над Монако во неделното дерби во француската Лига 1, и тоа на сосема драматичен начин.

Франсоа Камано го постигна првиот гол на мечот во 48. минута од пенал на „Матму Атлантик“, но гостите израмнија преку Пјетро Пелегри во 63. минута. „Жирондинците“ потоа имаа совршена шанса да дојдат до победа откако им беше досуден уште еден пенал во 86. минута од мечот, меѓутоа,  Саломон Калу го утна пеналот.

Човек на одлука беше Камано, кој со убав гол во 93. минута ја донесе првата победа на Бордо во третото коло во Франција.

Во првиот неделен меч, Лил со 3:0 го декласираше тимот на Генгам.

Scroll to Top