Top Sport

Челси во финишот славеше во Њукасл, гол-шоу на Фулам и Барнли (видео)

Челси под новиот тренер Маурицио Сари стигна и до третата победа во третиот меч од новата сезона во Премиер лигата, иако до неа стигнаа на тежок начин.

„Сините“ дојдоа во водство во 76. минута од мечот, кога Еден Азар немаше проблем од пенал да донесе предност, но само седум минути подоцна Хоселу израмни за „свраките“. Драматична завршница спречи Маркос Алонсо, поточно Деандре Једлин, кој си постигна автогол во 87. минута. Челси, заедно со Ливерпул и Ватфорд се на врвот на премиерлигашката сезона со три победи.

Уште поинтересно беше на „Крејвен котиџ“ во Лондон, каде што новиот премиерлигаш Фулам, конечно, стигна до првиот триумф во лигата, и тоа со убедливи 4:2 против Барнли, кои откако беа хит минатата сезона, немаат победа во три натпревари.

Александар Митровиќ постигна два гола за домашниот тим, а еден додаде ветеранот Андре Ширле во финишот на мечот.

Scroll to Top