Top Sport

Драма во Уеска и нов пораз на Севилја (Видео)

Севилја ја продлабочи кризата во која се наоѓа со поразот (2:1) кај Уеска во 26 коло, во Ла Лига. Екипата од Андалузија го забележа четвртиот пораз, а на последните пет средби има освоено само еден бод, поради што назадуваше на табелата до шестото место. Уеска од друга страна покажа дека не се откажува од борбата за опстанок. Со овој триумф Уеска е два бода оддалечена од безбедната зона.

Поразот на Севилја го најави Јунапи со голот во седмата минута. Севилја во вториот дел изврши целосен притисок кон противничкиот гол, а во последните 15 минути на сцена беше ВАР-асистентот.

Најпрвин видео-асистентот пресуди дека имало пенал за Севилја во 84 минута. Бен Једер успеа да израмни. Во 90 минута Мунир постигна гол, но радоста на играчите на Севилја траеше неколку минути, ВАР-от пресуди дека стрелецот бил во офсајд.

Видео-асистентот „работеше“ и во 98 минута кога Авила погоди за предност на домаќинот. На крајот пресуди дека голот бил регуларен, па Уеска го освои 22 бод во првенството.

Scroll to Top