Top Sport

Дебакл на Рома во „Дерби дела Капитале“ (Видео)

„Дерби дела Капитале“ што се одигра во 26 коло, во Серија А, заврши со победа на Лацио. Конечниот резултат е 3:0 за екипата што ја предводи Симоне Инзаги.

Лацио тактички одигра перфектно во првото полувреме, константно притискаше кон голот на Олсен. Таквата определба им го донесе водството во 26 минута. Кореа идеално го проигра Каиседо кој го заобиколи Олсен и погоди за 1:0.

Рома започна да игра нешто подобро во вториот дел. Најпрвин Стакоша го одбрани ударот на Флоренци, а потоа Флоренци од изгледна позиција го промаши празниот гол.

Најдобриот играч на Лацио, Кореа, во 72 минута избори пенал. Сигурен реализатор беше Имобиле.

До крајот на натпреварот Каталди во 93 минута го постигна третиот гол за Лацио, а левиот бек на Рома, Коларов во истата минута експресно доби два жолти картони, поради што го беше исклучен.

Scroll to Top