Top Sport

Драма во воздухот – Германците принудно слетале во Единбург

Авионот со кој фудбалската репрезентација на Германија се враќала од Рејкјавик, морал принудно да слета во Единбург.

Германците, синоќа, играа против Исланд во квалификациите за пласман на Светското првенство. Тимот на селекторот Ханси Флик, забележа рутинска победа 4:0, со што направи голем чекор кон директен пласман на Мундијалот во Катар.

Поради дефект, пилото бил принуден да слета на аеродромот во Единбург, Шкотска.

„Добро сме. Во тек се безбедносните проверки. Безбедноста е на прво место“, соопштија од таборот на германската репрезентација.

Од Единбург нема да има организиран лет за репрезентативците, тие посебно ќе патуваат кон планираните дестинации.

Scroll to Top