Иако многу аргентински фанови веќе го прославија трофејот, шампионот на Светското првенство во 2022 година ќе се дознае по продолженијата, а можеби и пеналите, откако Франција направи неверојатен камбек за по 90 минути да 2:2 во големата пресметка.
Аргентина имаше 2:0 водство со фантастичната игра во првото полувреме, во кое Французите беа целосно „затворени“ и неутрализирани. Лео Меси со гол од пенал и со одлична акција со Анхел ди Марија дојде до 2:0 водство по 36 минути, а на Французите во речиси цел меч немаа удар на голот на Емилијано Мартинез.
Но, во 79. минута Никола Отаменди беше преупорен во дуелот со Коло Муани, за Шимон Марчијак овојпат да досуди пенал за Франција и да ги врати во живот. Мбапе, кој до овој дел од мечот беше успешно изолиран, успеа да израмни, иако аргентинскиот голман Емилијано Мартинез му го прочита ударот, за само две минути подоцна по одлична брза акција со својот седми гол да израмни на 2:2.
Мечот тогаш доби на интензитет, Французите имаа уште неколку добри ситуации пред голот, за Меси во 95. минута од мечот да упати фантастичен удар, кој Иго Љорис го одбрани за продолжување на драмата.