Top Sport

Драмата трае, два месеци не се знае каде е селекторот на Шпанија, Луис Енрике!

Веќе два месеци трае драмата во шпанската фудбалска репрезентација. Селекторот Луис Енрике го напушти хотелот во кој престојуваше со репрезентацијата и тоа сред ноќ на 25. март. И оттогаш од него нема ниту трага ниту глас.

Енрике на своите играчи им оставил драматично писмо во кое ги повикува по ниедна цена да не ги откриваат причините поради кои заминал. „Марка“ вечерта ја нарече „најдраматична во историјата на Фуријата“.

Капитенот Серхио Рамос по два дена од исчезнувањето на Твитер напиша:

„Шефе, сите сме многу тажни поради вестите. Семејството е светост. Се надеваме дека се ќе биде во најдобар ред. Сакаме да знаеш дека момците се со тебе до смрт. Ти посакуваме многу сила и храброст“.

Шпанскиот фудбалски сојуз исто така се огласи со кратко објаснување:

„Причините се од семејна природа, се работи за виша сила. Ја молиме јавноста за дискреција и почит кон селекторот“.

Моментно за селекцијата се грижи првиот асистент Роберто Морено, а за Енрике и понатаму ништо не се знае.
Енрике очигледно уште долго време нема да се врати, а Шпанија за жал нема време да го чека, па трае потрагата по нов селектор.

Фаворит е Абелардо Фернандес, актуелниот тренер на Алавез кој е голем пријател на Енрике.

Информациите кои во април се појави во Шпанија се дека селекторот Луис Енрике боледува од леукемија:

Шок во Шпанија: Селекторот на „Фуријата“ Луис Енрике има леукемија?

Scroll to Top