Top Sport

Ѓоковиќ го реши Дел Потро по 3 часа борба и закажа полуфинале во Рим

Новак Ѓоковиќ стигна до 16 победа во 20-тиот дуел против Хуан Мартин дел Потро на Мастерсот во Рим. Синоќа Србинот по тричасовна борба, со пресврт успеа да слави во четвртфиналето против Аргентинецот 2-1 (4-6 7-6 -6-4) за влез во полуфиналето на Мастерсот.

Интересно е да се спомене дека Дел Потро во вториот сет при тај-брејк имаше и две меч топки за да го елиминира моментно најдобриот светски тенисер на АТП листата, но српскиот тениски ас на воодушевување на публиката во Рим успеа да се спаси, да израмни на 1-1 и потоа во третиот сет со рутинирана игра да го совлада противникот.

Ѓоковиќ во борбата за финале ќе се судри со уште еден Аргентинец, Диего Шварцман кој во четвртфиналето беше подобар од Јапонецот Кеи Нишикори со 6-4 и 6-2.

Во другото полуфинале ќе игра Рафаел Надал против Гркот Стефанос Циципас.

Scroll to Top