Top Sport

Драмата во Бормнут со среќен крај за Јунајтед (Видео)

Манчестер јунајтед со пресврт успеа да слави на тешкото гостување кај Борнмут. „Црвените ѓаволи“, победија 2:1 со голот на Маркус Рашфорд во 94.минута.

Домашните играчи блеска во првото полувреме, кога во првите 20 минути извршија силен притисок кон голот на Де Хеа. Одбраната на Јунајтед потклекна во 11.минута, кога Вилсон по асистенцијата на Станислас го совлада шпанскиот голман.

Откако не реализирана уште две добри можност за гол, играчите на Бормнут ги стигна казната во 35.минута кога Марсијал израмни на 1:1.

Во второто полувреме, Јунајтед беше тимот што тргна по победата, но ниту Борнмут не остана без можност да го реши мечот. Јунајтед најблиску до водство беше преку Рашфорд, но неговиот удар од неколку метри го блокираше Аке.

Сепак англискиот репрезентативец од слична позиција во 94.минута успеа да ја смести топката зад грбот на Асмир Беговиќ и да му донесе важна победа на својот тим.

По овој меч двата тима имаат по 20 бода и се наоѓаат на делба на шестото место во Премиер лигата.

Scroll to Top