Top Sport

Гризман не може сам, Атлетико киксираше кај Леганес (Видео)

Атлетико Мадрид не успеа да победи кај градскиот ривал Леганес во првиот натпревар од 11.коло, во Примера. Леганес и Атлетико постигнаа по еден гол и освоија по еден бод.

Атлетико, никако да влезе во вистинска форма, неговите играчи одиграа просечен меч, поради што и освоија само еден бод.

„Јорганџиите“ во првиот дел не упатија ниту еден удар кон голот на Леганес, заиграа ангажирано во вториот дел, а до предност стигнаа со брилијантниот гол на Гризман. Францускиот репрезентативец кој прв пат во кариерата ја носеше капитенската лента (Години и Коке се повредени), одлично погоди од слободен удар, од 26 метри.

Веднаш по голот Гризман имаше уште еден добар удар, кој успеа да го одбрани Куељар.

Домаќинот израмни во 82.минута, кога Куељар ја искористи лошата реакција на целата дефанзивна линија на Атлетико.

До крајот Атлетико имаше уште една шанса, но Гризман во 93.минута од изгледна позиција шутираше над голот.

По 11 кола Атлетико има 20 бода, додека Леганес остана во опасната зона со само девет бода.

Scroll to Top