Аталанта успеа да „извлече“ 2:2 реми со Фиорентина во драматична завршница во Бергамо со два гола постигнати во последните десет минути од мечот, така поништувајќи ја одличната партија на Виола во првото полувреме и одличниот гол на ветеранот Франк Рибери.
Аталанта го пречека засилениот тим од Фиренца по „потопот“ од 4:0 од Динамо Загреб во Лигата на шампионите, и стартот не ветуваше ништо добро за домашните навивачи. Федерико Киеза во 24. минута ги донесе гостите во водство, пред Рибери во 66. минута да зголеми на 2:0 по еден брз контра-напад.
Сепак, напаѓачкиот фудбал на Аталанта се исплатеше – Јосип Иличиќ во 84. минута намали на 1:2, пред во 91. минута Марио Пашалиќ да постигне гол за 2:2, меѓутоа ВАР системот го поништи голот поради играње со рака. Упорноста на домаќините се исплатеше буквално во последните секунди од мечот во 95. минута, кога Тимоти Кастање постигна фантастичен гол за 2:2.