Top Sport

„Милионерите“ само со реми во Франкфурт (видео)

Борусија Дортмунд не успеа да стигне до победа на гостувањето кај Ајнтрахт Франкфурт со што дозволи РБ Лајпциг да се одвои на врвот во германската Бундеслига.

„Милионерите“ дојдоа до рано водство на „Комерцбанк-арената“, откако Аксел Вицел во втор обид ја искористи мешаницата пред голот на домаќините во 11. минута од мечот, но „орлите“ успеаја да израмнат до крајот на полувремето, кога во 43. минута кога Андре Силва ја затресе мрежата на Роман Бирки.

Борусија повторно дојде до водство преку англискиот талент Џејдон Санчо во 66. минута од мечот, кога одбиената топка од слободниот удар дојде до Вицел, кој убаво му асистираше на младиот напаѓач. Меѓутоа, победата избега во 88. минута, кога Томас Дилејни си ја смести топката во сопствената мрежа.

Борусија сега има 10 поени на третото место на табелата, три помалку од лидерот Лајпциг и еден помалку од Баерн Минхен.

БУНДЕСЛИГА, 5.КОЛО

Борусија Менхенгладбах – Фортуна Диселдорф 2:1

Ајнтрахт Франкфурт – Борусија Дортмунд 2:2

Scroll to Top